Интер Мајами троши најмногу за плати, Меси најплатен во МЛС лигата

Според американската асоцијација на играчи од МЛС лигата трета година по ред, Лионел Меси, асот на Интер Мајами, е на врвот по годишни примања. Аргентинскиот магионичар го држи првото место со годишна плата од 20,45 милиони долари.

На второто место е Хјеонг Мин Сон, ас на Лос Анџелес, кој годишно заработува 11,15 милиони, додека клупскиот колега на Меси, Серхио Бускетс, е трет со 8,78 милиони долари. Четврти е Мигел Алмирон од Атланта со 7,87 милиони долари, додека петти е Ирвинг Лозано со 7,63 милиони долари.

Интер Мајами е далеку пред сите други, и на плати годишно издвојува 48,97 милиони долари, што е за 18,87 милиони долари повеќе од она што го издвојува Лос Анџелес. На третото место е Аталанта со 28,5 милиони долари.