• Саше Љолес
Аргентинскиот десен бек, Факундо Мура, е на чекор до трансфер во Интер Мајами, каде што ќе му се придружи на својот сонародник, Лионел Меси. Фудбалерот на Расинг донел одлука да ја продолжи кариерата во МЛС, одбивајќи понуди од аргентински гиганти, со цел да заигра во амбициозниот проект на клубот од Флорида.
Мура во Интер Мајами ќе пристигне како слободен играч, откако реши да не го продолжи договорот со Расинг. Клубот од Мајами на овој начин ја засилува десната бековска позиција, а воедно продолжува со стратегијата за доведување аргентински фудбалери кои треба да му дадат дополнителна стабилност и квалитет на тимот околу Меси.
Очекувањата се дека Мура брзо ќе се вклопи во составот и ќе донесе цврстина во одбраната, но и придонес во офанзивните акции. Интер Мајами продолжува да гради силен тим со јасни амбиции, а доаѓањето на уште еден аргентински репрезентативен квалитет само ја зголемува еуфоријата кај навивачите.


