• Зоран Мишевски
Токму во моментите на најдобра форма откако дојде во МЛС лигата. Лионел Меси беше казнет и неговото отсуство се почувствува на дуелот на неговата екипа во Синсинати. Интер Мајами одигра без голови со Синсинати на домашен терен во натпреварот од регуларната сезона на американската МЛС лига (0-0).
Домашниот тим во составот ги немаше Лионел Меси и Жорди Алба. Двете ѕвезди на американскиот тим го пропуштија натпреварот поради дисквалификација, бидејќи не учествуваа во Ол-старот на тимовите од МЛС и Мексиканската лига.
Пред натпреварот официјално беше претставен Родриго де Пол, кој дојде во Интер Мајами од Атлетико Мадрид за петнаесет милиони евра.
- Извештај од натпреварот:
По овој натпревар, Интер Мајами со 42 бода го зазема петтото место во Источната конференција, Синсинати со 49 бода е на лидер.1







