Интер кова одмазда за „кралевите“ на Анчелоти

Интер

Го нема Менхенгладбах и за Интер можеби е добро што е така. Но, преостанатите два ривали од минатогодишната група Б од Лигата на шампионите, Реал и Шахтјор, повторно се тука, група по чие затворање навивачите на миланската екипа имаа кошмари затоа што завршија на последното место. Интер се врати да се одмазди. Пред сè – на Реал Мадрид, за кого има добра причина, затоа што од кралскиот клуб минатата сезона загуби во двата меча.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лигата на шампионите >>>

Двата тима во меѓувреме претрпеа одредени промени во составите, но целите останаа исти – во групата, во која е уште и Шериф Тираспол, бараат пласман во нокаут-фазата и тоа е императив. Дури и покрај тоа што Интер остана без Ромелу Лукаку, својот најдобар стрелец од лани, како и еден од најдобрите крилни бекови во светот – Ашраф Хакими. Исто така се промени и тренерот, на местото на Конте дојде Симоне Инзаги, човек со само едногодишно тренерско искуство во Лигата на шампионите.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Интер - Реал Мадрид >>> 

Смената на клупата се случи и во Мадрид, со тоа што Зинедин Зидан замина, а дојде стариот лисец Карло Анчелоти, еден од најискусните на големата сцена. Реал најголеми промена има во дефанзивата, столбот на одбраната кој со години го држеа Серхио Рамос и Рафаел Варан се урна по нивното заминување. Тоа најдобро го покажува фактот дека „бланкосите“ во првите четири кола примија шест гола. Не блеска ниту дефанзивата на Интер, во воведните три рунди исто така толку пати ја вадеше топката од мрежата, иако и едните и другите се ефикасни со просек од по три постигнати гола на меч (Реал има 3,25).

Што се однесува до играчкиот кадар, Инзаги нема да може да смета на Бастони, додека кај Анчелоти нема да може да играат Крос, Алаба, Јовиќ и Бејл.