ВИДЕО: Интер ја продолжи триумфалната низа и го „закова“ Емполи на дното

Екипата на Интер ја оправда фаворитската улога и сосема заслужено славеше со 0-1 на гостувањето кај Емполи. „Нероаѕурите“ во голем дел од мечот беа сигурни и цврсти на теренот и може да жалат што поубедливо не ја изразија својата иницијатива. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме скоро комплетно мина во знакот на Интер. Момчињата на Симоне Инзаги беа близу до доминантни на теренот, имаа и неколку изгледни прилики за гол, но резултатот на паузата остана истиот од почетокот, 0-0. 

Второто полувреме прикажа сличен тек на настаните. „Нероаѕурите“ беа во добар ритам и мирно ја чекаа својата шанса. Резултатот конечно беше отворен во 51. минута, кога Федерико Димарко со прекрасен удар од шеснаесетина метри го совлада домашниот голман. Во продолжение Емполи се обиде малку да притисне, но Интер беше одлично поставен во дефанзивата. Гостите од Милано имаа уште 2-3 солидни шанси за дуплирање на предноста, но до крајот резултатот не се промени (0-1). 

Интер ја забележа петтата победа по ред во Серија А и има максималнен учинок од петнаесет освоени бодови. Емполи се наоѓа во незавидна ситуација и го држи „фенерот“ во најсилното италијанско натпреварување. 

Состави

Aurelio Andreazzoli

4-3-1-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2