Интер ја постави цената за Хакан Чахланоглу

Делува извесно дека Хакан Чахланоглу ова лето ќе го напушти Интер и ќе се врати во Турција.  Интер е подготвен да му дозволи на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу да си замине за сума од триесет милиони евра. 

Италијанскиот клуб е решен само на брз договор, бидејќи сака да го задржи играчот од средниот ред, сметајќи го за клучен играч. Доколку фудбалерот се појави на тренинг кампот, ќе биде симнат од трансфер пазарот.

Галатасарај нескриено покажува интерес за Хакан Чалханоглу, но досега не доставил ниту една официјална понуда за него.