ВИДЕО: Интер ја обедини „двојната круна“ во Италија

Интер ја комплетираше фантастичната сезона со двојна круна, откако по титулата во Серија А го освои и Купот на Италија. Тимот на Кристијан Киву славеше со 2-0 (2-0) против Лацио и така стигна до десеттиот трофеј во Купот во клупската историја.

  • Извештај од натпреварот:

По мирниот почеток, првата голема шанса ја имаше Лаутаро Мартинез во 12. минута, кога шутираше покрај голот по дуелот со Адам Марушиќ. Само две минути подоцна, Интер поведе. По корнерот на Федерико Димарко, Маркус Турам минимално ја допре топката, а таа потоа се одби од Марушиќ и заврши во мрежата за автогол и 1-0.

„Нероазурите“ продолжија со притисокот, а во 35. минута стигнаа и до вториот погодок. Дензел Дамфрис му ја одзеде топката на Нуно Тавареш, проби по десната страна и му асистираше на Лаутаро Мартинез, кој рутински погоди за 2-0.

Во второто полувреме, Лацио се обиде да се врати, но без вистинска реакција. Буалаје Диа пропушти добра шанса, додека на спротивната страна блиску до гол беше и Пјотр Зиелински.

Со овој триумф, Интер ја заокружи сезоната од соништата, а Кристијан Киву ги замолкна сите сомнежи околу неговото назначување.