• Саше Љолес
Фудбалските клубови Милан и Интер го завршија купувањето на стадионот „Сан Сиро“ и плацот на неговата околина, објавиja градските власти.
Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на договорот е 197 милиони евра (226 милиони долари).
Продажбата мораше да биде завршена пред 10 ноември, кога второто ниво на стадионот, кој беше завршен на тој датум пред 70 години, добива историско значење и би било невозможно да се сруши.
Клубовите веќе објавиле договори со архитектонски фирми во врска со дизајнот на новиот стадион, кој ќе има капацитет од 71.500 седишта. Објектот ќе биде дел од проект што ќе се простира на приближно 281.000 квадратни метри.
Новиот стадион треба да биде завршен во 2031 година и ќе ги чини клубовите 1,2 милијарди евра. Целта е стадионот да биде подготвен за Европското првенство во 2032 година, кое Италија ќе го организира заедно со Турција.








