ВИДЕО: Интер и комбиниран пукна „петарда“ против Венеција во Копа Италија

Интер ќе игра четвртфинале во Копа Италија, бидејќи го декласира тимот на Венеција со 5-1 на „Џузепе Меаца“. Иако тренерот Кристијан Киву на терен испрати комбиниран состав и стартери беа Аугусто, Бисек, Енрике, Фратези, Диуф и Еспозито, на крајот победата беше убедлива. 

  • Извештај од натпреварот:

Отпорот на гостите пукна по 18 минути игра, а стрелец на првиот гол беше Енди Диуф. Само две минути подоцна водството го удвои Пио Еспозито, а до полувремето меѓу стрелците се запиша и Маркус Турам (3-0). 

Францускиот напаѓач на стартот на продолжението го постигна и својот втор погодок. Турам во 51. минута зголеми на веќе огромни 4-0, па дури потоа следуваше првата реакција на гостите преку Саградо. Сепак, со голот на Анге Јоан Бони во 75. минута „нераѕурите“ ставија точка на победата. 

Следната Куп-пречка на Интер ќе му биде победникот од дуелот на Рома и Торино.