• Зоран Мишевски

По одигрувањето на финалето на Купот на Италија во фудбал и петнаесеттата титула во ова натпреварување за Јувентус, познати се полуфиналните парови на Суперкупот на Италија, кој од оваа сезона се игра како мини-турнир од четири екипи.
Шампионот Интер во полуфиналето ќе се сретне со поразената екипа во финалето на Купот, Аталанта, а победникот на Копа Италија, Јувентус ќе се соочи со вицешампионот Милан.
Минатата сезона Саудиска Арабија беше домаќин на турнирот кој се одигра во зимските месеци, наместо старата практика пред почетокот на сезоната.
Титулата од минатата сезона ја брани Интер, кој го финалето го победи Наполи со 1-0.