Интер го „одврзува ќесето“ за најдобриот дефанзивец во Серија А!

Италијанскиот шампион, Интер, официјално испрати богата понуда до Аталанта за трансфер на младиот десен бек Марко Палестра, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А. 

„Нероаѕурите“ се подготвени да исплатат сума од 40 милиони евра, плус пет милиони кои би се „активирале“ низ дополнителни клаузули. Доколку трансферот се реализира, Палестра може да стане најскапиот дефанзивец во клупската историја. Претходниот рекорд го „држеше“ Ашраф Хакими, за кого Интер плати 43 милиони евра во 2020 година. 

Управата на Интер сака што поскоро да го комплетира преминот на Палестра, особено ако Дензел Дамфрис замине во Реал Мадрид - нешто што силно се најавува овие денови. 

Палестра минатата сезона ја мина на позајмица во Каљари, каде беше меѓу најзаслужните што клубот од Сардинија обезбеди опстанок во елитниот италијански фудбал. Пред него е светла иднина, а Интер се гледа како клуб кој може да му овозможи голем напредок во кариерата.