Интер го напаѓа скудетото, го договори Ериксен, следи уште двајца играчи

Интер како што изгледа ќе има одличен преоден рок, затоа што медиумите од „чизмата“ велат дека договорен е трансфер на плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Ериксен ќе остане без договор на крајот од сезоната и ќе може да си оди бесплатно, а овој зимски преоден рок ќе биде единствена шанса за Тотенхем да заработи нешто. Од Италија велат дека трансферот е веќе договорен, а Интер ќе треба да им плати на „петлите“ 16 милиони евра.

Истовремено се следат уште двајца играчи чии потписи треба да се обезбедат наскоро. Првиот е Оливие Жиру, напаѓач кој е миленик на Конте, додека вториот е Леонардо Спинацола од редовите на Рома.

Интер моментално е на второто место во калчото, со два бода помалку од лидерот и актуелен првак Јувентус.