• Саше Љолес
Управата на Интер веќе ги „кова“ плановите за новата сезона во Серија А. „Нероаѕурите“ се скоро сигурни освојувачи на скудетото и догодина сигурно ќе сакаат да го одбранат трофејот, а тоа се потврдува и со најновите шпекулации за летни трансфери.
Интер веќе има солиден ростер и тимот е „покриен“ со одлични играчи на скоро секоја позиција, но дел од нив веројатно ќе заминат, а како најголеми потенцијални засилувања се споменуваат Алберт Гумдунсон од Џенова и Ким Мин-Јае од Баерн Минхен.
Кореецот е незадоволен во Минхен и наводно е подготовен да се врати во Италија, а Гудмунсон би пристигнал во Милано за сума од околу 40 милиони евра. Исланѓанецот сезонава игра во одлична форма и забележа учинок од 13 гола и четири асистенции, а сличен ефект имаше и минатата година. Миланскиот гигант е во преговори и со уште неколкумина добри играчи, меѓу кои се споменуваат Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед, Мајкл Кајоде од Фиорентина, Марио Хермосо од Атлетико Мадрид и Штефан Пош од Болоња.
Клубот ја продолжи и соработката со тренерот Симоне Инзаги, па и во следнатa сезона навивачите ќе очекуваат нивните миленици да бидат први фаворити за најпрестижниот италијански трофеј.