ВИДЕО: Интер го доби мечот полн со судиски грешки и му се доближи на Наполи!

Актуелниот италијански првак Интер ѝ се одмазди на Фиорентина (2-1) во второто соочување во краток период и така се доближи до лидерското место во Серија А каде во моментов се наоѓа Наполи.

  • Извештај од натпреварот:

„Нераѕурите“ пред неколку дена во заостанатиот дуел загубија од „виолетовите“ во Фиренца, но се одмаздија во Милано. Мечот беше полн со судиски грешки, се правеа на двете страни, а ги одбележаа и два од трите гола.

При првиот гол на Интер, топката го напушти теренот, ама судиите не го забележаа тоа. До голот „нераѕурите“ дојдоа со автогол на Понграчиќ. На спротивната страна, во 44. минута, судијата досуди пенал за Фиорентина заради игра со рака во казнениот простор на домаќинот, нешто за што многумина сметаа дека е престрого.

Најстрогата казна во гол ја претвори Мандрагора за 1-1 на паузата. Во вториот дел човек на одлука беше искусниот Марко Арнаутовиќ кој по асистенција на Карлос Аугусто погоди во 52. минута.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Рафаеле Паладино

    4-2-3-1