ВИДЕО: Интер го доби дуелот за второ место, Рома се прошета во Торино

Интер

Во последното коло од тековната сезона во Серија А, Интер беше подобар од Аталанта на гостински терен (0-2) и го освои второто место на табелата. По само 50 секунди од почетокот Д'Амброзио погоди за предност на гостите, а Ешли Јанг со прекрасна завршница во 20. минута обезбеди мирно продолжение.

  • Аталанта - Интер 0-2:

Шампионот Јувентус беше без Кристијано Роналдо и Пауло Дибала и загуби од Рома (1-3). „Римската волчица“ направи целосен пресврт, откако Гонзало Игуаин реализира во петтата минута. Калиниќ и Пероти се погрижија трите бода да завршат на салдото на гостинскиот тим.

  • Јувентус - Рома 1-3:

Нова убедлива партија одигра Милан кој дома немаше проблеми против Каљари (3-0). Златан Ибрахимовиќ постигна нов погодок, а промаши и пенал во вториот дел. Касиљехо го донесе конечниот резултат, кој беше отворен со автогол на Клаван.

  • Милан - Каљари 3-0: 

Последното вечерашно соочување донесе дерби во кое Наполи го победи Лацио (3-1). „Златната копачка“ за оваа година, Чиро Имобиле, постигна уште еден погодок, но тој не беше доволен за позитивен резултат. Нашиот Елмас доби шанса од клупата за резерви во 84. минута.

  • Наполи - Лацио 3-1: 

Утре се играат пет натпревари со кои ќе се спушти завесета на сезоната во Серија А и ќе биде познат последниот тим кој ќе испадне од елитата.