• Мартин Танасковски

Екипата на Интер со домашна победа над Удинезе (2-0) се промовира како последен патник во четвртфиналето на Купот на Италија.
- Извештај од натпреварот:
„Нераѕурите“ и со комбиниран состав беа подобри од противникот на стадионот „Џузепе Меаца“. Двата гола за победа паднаа во првото полувреме, а стрелци беа Марко Арнаутовиќ и Кристијан Аслани во 30. и 45. минута.
Интер во наредната фаза од Купот на Италија ќе игра против екипата на Лацио. Останатите четвртфинални парови се Милан - Рома, Болоња - Аталанта и Јувентус - Емполи.
Мечевите од четвртфиналето се играат во февруари.