ВИДЕО: Интер сигурно чекори кон ново скудето, со минималец ја „среди“ и Аталанта 

Екипата на Интер не знае за доста во Серија А оваа сезона, откако вечерва, на затворањето на 26. коло запиша голема победа на дербито со Аталанта (1-0) и се врати на +6 во однос на второпласираниот Милан.

  • Извештај од натпреварот: 

Речиси идентично како на нивниот прв натпревар оваа сезона, и вечерва, двете екипи одиграа полувреме под ниво, исполнето со големо тактично надмудрување на средината на теренот и многу грешки во фазата на нападот, па затоа во првите 45 минути единствена посериозна закана испрати Запата, кој во 40. минута со глава не успеа да го надмудри Хандановиќ. 

Откако Интер одигра очајно прво полувреме во нападот, Конте немаше друго решение освен уште во раната фаза од вториот дел да ја освежи офанзивата, а тоа веднаш донесе резултат и почетно водство на домаќините. Нововлезениот Ериксен испрати опасен центаршуот од корнер, а во мешаницата најдобро се снајде дефанзивецот Скриниар, кој со својот прв гол на „Џузепе Меаца“ погоди за водство на Интер од 1-0.

Само неколку минути по погодокот на словачкиот репрезентативец, Лукаку не реализира зицер за 2-0, откако во клучниот момент се сплетка и не успеа ниту да шутне кон гостинскиот гол. Во продолжение двајцата тренери се одлучија за уште по неколку замени, по што темпото на игра видно спласна. Интер искусно се бранеше на своја половина, додека нападите на Аталанта беа јалови и безидејни во клучните моменти.