ВИДЕО: Интер доби подарок од судијата? Од Сасуоло гневни зошто не добиле пенал

Фудбалерите на Интер запишаа нова победа во Серија А и драстично ги зголемија шансите за шампионската титула во италијанскиот шампионат. 

Со 2-1 совладан беше тимот на Сасуоло, кој е „бесен“ на неколку судиски одлуки, особено на една ситуација во казнениот простор на миланскиот гигант. Имено, од клубот не можат да веруваат дека судијата не го поништил вториот гол на Интер постигнат од Лаутаро Мартинез, бидејќи во претходниот напад се чини дека имаше чист пенал за Сасуоло.

Многумина очекуваа дека судијата ќе добие корекција од ВАР собата за да ја разгледа спорната ситуација и влечењето за дрес на Де Фрај, но такво нешто не се случи. 

Медиумите во Италија брујат за овој пропуст на судијата Ирати, а навивачите на Милан и Јувентус сметаат дека судијата со овој потег го „турка“ Интер кон скудетото.