ВИДЕО: Интер до врв ја наполни мрежата на швајцарски Лугано

Интер и Лугано стандардно одиграа пријателски натпревар пред стартот на сезоните во Италија и Швајцарија и истиот заврши со висок триумф (5-0) на „нераѕурите“ на Антонио Конте.

  • Извештај од натпреварот:

Калчолигашот ги испроба сите играчи и тактички варијанти, а речиси сите погодоци паднаа во првото полувреме. Лугано беше лесен плен за фаворитот на хартија и Интер добро се разигра на овој дуел.

Резултатот на натпреварот се отвори уште во 5. минута, кога водство донесе Далберт, а во 36. минута Кешкес си постигна автогол. Следните два гола, за предност од 4-0 беа дело на Лаутаро Мартинез, додека точка на победата стави Ромелу Лукаку со гол од пенал во 47. минута.

На овој натпревар за Интер дебитираа новите засилувања Али Хакими и Алексндар Коларов, а имаше и неколку играчи од младинската школа.