ВИДЕО: Интер без „муниција“ против Аталанта, Лацио едвај до бод против Сасуоло

Аталанта уште еднаш потврди дека е традиционално незгоден ривал за Интер и откако го победи во Бергамо, попладнево му откина реми и на „Џузепе Меаца“. Дуелот во рамките од 31. коло на Серија А заврши без голови (0-0), а двете екипи имаа серија на шанси за победа и три бода.

  • Извештај од натпреварот:

Јосип Иличиќ во финишот на првиот и почетокот на вториот дел се закани, а Интер возврати преку Матео Политано. Спалети се обиде со влегувањата на Кеита и Наинголан да ја раздвижи екипата, но Аталанта се одбрани и остана во игра за влез во Лигата на шампионите.

Лацио непријатно ги изненади своите фанови и едвај извлече реми на „Олимпико“ против Сасуоло (2-2).

  • Извештај од натпреварот:

Екипата на Симоне Инзаги поведе со голот на Имобиле во 53. минута, а само четири минути подоцна Бразилецот Рожерио израмни за „зелено-црните“. Кога сите очекуваа гол во гостинската мрежа стигна шок и Берарди во 89. минута погоди за водство на Сасуоло. Длабоко во судиското надополнување Лулиќ погоди за 2-2 и спречи сензација во Рим.

Каљари го совлада СПАЛ со 2-1 со головите на Фераго и Паволети, а Удинезе во дуел со пет погодоци го надигра Емполи (3-2). Родриго Де Пол постигна два, а Мандрагора еден гол за „црно-белите“.

  • Извештај од натпреварот: