ВИДЕО: Инсиње и Верати не дозволија босанска радост, Италија останува перфектна! 

Фудбалска Италија успеа да се врати во живот и во самиот финиш избегна прв неуспех во квалификациите за следното Европско првенство, кое на програмата е следното лето. Поранешниот европски и светски шампион, по победите на Финска, Лихтенштајн и Грција, вечерва во Торино се избори за нови три бода, откако Инсиње и Верати ја спуштија на земја Босна и Херцеговина и на својата селекција ѝ донесоа пресврт-победа од 2-1 (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот на преполниот стадион на Јувентус започна со мирна игра на двете страни, а гостите по својата втора голeма шанса стигнаа до заслужено водство од 0-1. По една неверојатна тимска акција, која ја започнаа од својата половина, избраниците на Роберт Просинечки донесоа големо разочарување за домашната публика, откако првата ѕвезда Един Џеко го „стресе“ Сиригу за босанска предност на полувреме.

Сепак, Италија уште на самиот старт на мечот ја покажа својата класа, откако четири минути игра во продолжението Инсиње со супер-волеј од над 20 метри го совлада Шехиќ за израмнување од 1-1.

По голот на ѕвездата на Наполи, темпото на игра во Торино доби на динамика, шанси се редеа пред двата гола, а можеби повеќе среќа имаа домаќините, кои во 86. минута со мала мајсторија на Верати направија комплетен пресврт и запишаа нова победа во овие квалификации. 

Европско првенство, Квалификации, Група J
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ИталијаИталија 4 4 0 0 13:1 12 12
2 ФинскаФинска 4 3 0 1 6:2 4 9
3 ЕрменијаЕрменија 2 4 2 0 2 7:6 1 6
4 ГрцијаГрција 1 4 1 1 2 6:8 -2 4
5 Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛихтенштајнЛихтенштајн 4 0 0 4 0:13 -13 0