Инсиње и Наполи се далеку од договор, играчот понуден на Милан

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње во минатото немаше проблеми со челниците на тимот, но веќе во наредната година може да дојде до таков исход. 

Договорот на Инсиње истекува наредното лето, а претседателот Де Лаурентис е спремен да му понуди нов петгодишен, но со пониска плата од три милиони евра. Тоа воопшто не му се допаѓа на крилниот фудбалер, па би можел да замине од клубот. 

Според најавите од „Газета дело Спорт“, агентот на Инсиње денес бил присутен во просториите на Милан, каде што разговарал околу потенцијален трансфер. Иако фудбалерот не сака да замине од Наполи, ако не добие повисока плата, би можел да замине. Милан бара опција за нападот, а Инсиње по ниска цена е играч кој секоја екипа би сакала да го купи.