Инјекција за Реал пред Сити: Две ѕвезди се вратија во тимот!

Добри вести пристигнуваат за навивачите на Реал Мадрид, бидејќи нивниот најдобар стрелец Килијан Мбапе ќе биде во составот за реванш натпреварот од осминафиналето на Лига на шампиони против Манчестер Сити.

Францускиот напаѓач успешно се опорави од повредата на левото колено која извесен период го оддалечи од терените, па тренерскиот штаб на „кралевите“ повторно ќе може да смета на неговите услуги во еден од најважните натпревари во сезоната.

И покрај проблемите со повреди и отсуството на дури девет првотимци, меѓу кои беше и Мбапе, мадридскиот клуб успеа да оствари убедлива победа во последниот првенствен натпревар. Во дуелот од Ла Лига, Реал Мадрид славеше со убедливи 4-1 против Елче.

Токму затоа враќањето на Мбапе доаѓа во вистински момент за шпанскиот гигант, кој се подготвува за решавачкиот европски предизвик против актуелниот шампион од Англија. Меѓу патниците со тимот е и Џуд Белингем кој исто така беше подолго повреден.