ВИДЕО: Ињаки во 90. минута го згасна сонот за титула на Севиља

Екипата на Севиља направи голем кикс. Загуби по осум натпревари во Примера од Атлетик Билбао (0-1) и е чекор назад во борбата за титула во Примера, каде се уште Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона.

  • Извештај од натпреварот:

Големиот фаворит неочекувано потфрли на домашен терен и во самиот финиш го стигна казната и поразот, кој направи тимот од Андалузија сега да е на шест бода од лидерот Атлетико Мадрид. Реал Мадрид и Барселона остануваат на „плус четири“ бода.

Дуелот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ беше решен пред самиот финиш, во 90. минута. По неколку нереализирани шанси, пред се оние на Акуња и Ракитиќ, казната ја сервира Ињаки Вилијамс. Еден од најдобрите играчи на Билбао погоди пред самиот финиш и го згасна сонот за титула.

Севиља во следното коло гостува кај Реал Мадрид, додека Билбао, кој се уште има шанси за едно од местата кои водат во Конференциската лига на УЕФА, ќе биде домаќин на Осасуна.