Иниеста е подготвен да се врати во Барселона!?

Иниеста Барселона

Шпанските медиуми најавуваат сензационален кам-бек на Андрес Иниеста во дресот на Барселона. Легендата на клубот моментално настапува во Јапонија, но не би имал против да се врати на „Камп Ноу“.

Неговиот договор со Висел Кобе истекува во јуни 2021 година, а Шпанецот потврди дека би сака да продолжи да игра, бидејќи и натаму ужива во убавите моменти од фудбалот.

По 22 години, 35-годишниот ветеран си замина од својот матичен клуб и ја продолжи кариерата на далеку од дома. Пред неколку месеци беше запрашан дали би се вратил во Барса, а неговите зборови дополнително ги зголемија шансите тоа да се случи ова лето.

„Тоа е мојот дом, би се вратил било кога. Но, тоа е само хипотеза, најважно за мене е што се чувствувам како фудбалер и планирам тоа да го правам уште долго време“, рече Иниеста.

Кариерата во Каталонија на прославениот шпански фудбалер му донесе девет титули во Примера, четири во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Шпанија стигна до две европски и една светска титула.