„Иниеста е фудбалскиот Федерер, како може да остане без „Златна топка“?“

Андрес

Светскиот фудбал никогаш нема да ги заборави мајсториите на Андрес Иниеста во дресот на Барселона и шпанската репрезентација. Во најдобрите денови од кариерата, Шпанецот постојано беше во потесниот избор за освојување на „Златната топка“, но никогаш не го доби престижното одличје.

Дека тоа е голема неправда тврди и поранешниот италијански репрезентативец и член на Јувентус, Клаудио Маркизио. Според него, Иниеста е фудбалскиот Роџер Федерер кој има три мозоци - еден за десната, еден за левата и третиот мозок за главата.

„Необјасниво е како може Иниеста да нема освоено „Златна топка“. Кога го гледате да игра, исто како да го гледате Федерер на тениските терени. Тоа е вистинско задоволство. Тој го познава фудбалот перфектно.

Посакував да играм еден ден покрај него. Тој е мојот омилен играч и еден од најдобрите на сите времиња“, вели Италијанецот.

Иниеста беше најблиску до „Златната топка“ во 2010 година кога заврши на второто место, зад победникот Лионел Меси. Две години подоцна заврши на третата позиција, што беше негова последна шанса за освојување на наградата.