Ингебритсен: Не победивме лесно, Бендтнер ги собра аплаузите

Кере Ингебритсен, тренерот на Розенборг, видно задоволен зборуваше по победата над Вардар во Лига Европа (3-1).

Стратегот на норвешкиот тим вели дека Розенборг не дошол до лесен триумф, а пофалби испрати на адреса на искусниот Никлас Бендтнер, кој го водеше тимот со гол и асистенција до посакувани три бода.

„Не победивме лесно, задоволни сме со трите бода. Имавме контрола на средбата и го контролиравме темпото на игра. Не му дозволивме на противникот сериозно да се закани додека резулатот беше близок. Фудбалерите мора да бидат горди на изданието. Никлас Бендтнер ги собра аплаузите, тој е фантастичен фудбалер кој е во форма и ужива во фудбалот. Тимот со победата над Вардар покажа дека се наоѓа во добра форма“, изјави Ингебритсен.

За Розенборг ова беа први бодови во Лигата на Европа оваа година. Во наредното коло, норвешкиот шампион гостува кај Зенит во Санкт Петерсбург.