Инфантино: За оние кои ќе играат во Суперлигата, нема СП и ЕП!

Џани Инфантино, првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), изјави дека сите оние, кои ќе одлучат да учествуваат на новото натпреварување кое се најавува, Суперлигата, нема да можат да играат на останатите. 

Веќе неколку дена се шпекулира дека 16 европски гиганти имале неколку тајни состаноци на кои акцентот бил ставен токму на новото натпреварување, но доколку дојде до тоа, нивните фудбалери нема да имаат право да играат на Светските и Европските првенства. 

„Или сте таму или не. Ако некои фудбалери не играат на натпреварувањата кои ние ги организираме, тогаш нема да можат да бидат дел од Европските и Светските првенства", изјави Инфантино.

Пред неколку дена Инфантино беше поврзуван со нелегално работење во времето кога ја вршеше функцијата генерален секретар на ФИФА, наведувајќи дека им помагал на ПСЖ и Манчестер Сити да го избегнуваат финансискиот фер-плеј.