Инфантино: Во Италија, Англија и Шпанија секој викенд има СП, а во остатокот од светот...

И покрај бројните критики кои доаѓаат од сите страни, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не се откажува од идејата да се воведува Светско првенство на секои две години.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино повторно тврди дека овој формат ќе донесе позитивен економски ефект, но ќе ги заштити и националните првенства и самите играчи.

„Светското првенство на секои две години не е мое барање. Направивме многу сериозна студија, сè функционира од спортска гледна точка, а економските перформанси се позитивни за сите. Во Европа постои силна опозиција. Во Италија, Шпанија и Англија секоја недела има Светско првенство со најдобрите играчи во светот, но во остатокот од планетата тоа не постои“, заврши првиот човек на светската фудбалска централа.

Најдобрите фудбалери на планетата оваа година одново ќе бидат на едно место, но не во јуни и јули, туку во ноември и декември, за кога е закажано Светското првенство во Катар