Инфантино: Ова е спротивно од Суперлигата, тоа е основниот принцип на СП на две години

Иако се чинеше дека поради големиот отпор на мнозинството, вклучително и на УЕФА и КОНМЕБОЛ, Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе се откаже од идејата да организира Светското првенство на секои две години, првиот човек Џани Инфантино има различни планови.

Тој вели дека цврсто стои зад оваа идеја, затоа што преполовувањето на периодот меѓу две Светски првенства би донело милијарди долари дополнителни приходи, кои би биле префрлени во солидарниот фонд за фудбалска поддршка на помалку развиените земји, според идејата за францускиот тренер Арсен Венгер.

„Ова е сосема спротивно од Суперлигата. Секој добива шанса овде. Тоа е основниот принцип на овој проект“, изјави Инфантино.

Првиот човек на Светската фудбалска организација додаде дека според основните пресметки, во ваков формат на натпреварување, нивната заработка ќе изнесува дополнителни 4,4 милијарди евра.