Инфантино му се закани на Катар со одземање на домаќинството на СП!

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино упати закана до Катар поради многубројните ограничувања кои се најавуваат за време на Светското првенство. 

Инфантино со кратка изјава, стави до знаење на домаќинот дека не смее да ограничи и дискриминира ниту една група на луѓе. Тука најзасегнати се членовите на ЛГБТ заедницата, за кои се најавуваат напади, казни, па дури и затвор. 

„Ако Катар не сака да покаже гостопримство секому, нема да биде организатор на Мундијалот. Светското првенство е случување кое обединува секакви луѓе. 

На последните неколку најголеми натпреварувања, повеќе од 50% од играчите беа навредувани. Сега е многу полошо, социјалните мрежи се користат за навреди на расна основа и дискриминација. Ние ќе продолжиме да се бориме против тоа“, изјави Инфантино. 

Катар треба да биде домаќин на првото „есенско“ Светско првенство во историјата. Сепак, како што се наближува турнирот, се појавуваат нови и нови рестрикции, кои ги ограничуваат луѓето кои се во план да одат и да го следат Мундијалот.