ВИДЕО: „Индијанците“ пак се во мода во ЛШ, ќе играат плеј-оф

Белгиски Гент си ја одработи домашната задача онака како што посакуваше, славеше над австриска Рапид Виена (2-1) и ќе игра во плејофот во квалификациите за Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот европски меч оваа сезона, „индијанците“ покажаа дека пак ќе бидат во мода во еврокуповите. Иако играа во групите на Лигата на Европа, сега е цел да се вратат во елитната ЛШ, место каде последен пат беа во сезоната 2015/16.

Резултатот на натпреварот на „Геламко арена“ се отвори во 36. минута, кога Кумс центрира од десната страна, а Дорш покажа одлични способности со глава и ја стресе мрежата на Рапид. Во 59. минута домашните добија пенал поради невнимателен старт на Грејмл, а казната во гол ја претвори Ричард Штребингер. Кога сите чекаа крај, во мрежата на Гент погоди Демир, за конечни 2-1.

Белгискиот претставник во последното квалификациско коло од фудбалската елита ќе се соочи со Динамо Киев кој претходно со идентични 2-0 беше поуспешен од АЗ Алкмар.