Импресивни бројки: Знаете ли колку гола постигна Сити во ерата на Гвардиола?

Пеп Сити

Манчестер Сити будно ќе ги следи случувањата на „Олд Трафорд“ и ќе се надева на пораз на Манчестер Јунајтед во дербито против Ливерпул. Таков резултат одново ќе ја врати премиерлигашката титула во витрините на тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Шпанскиот тренер е на чекор од уште еден голем успех. Дека се работи за еден од најдобрите тренери на денешницата, а и на сите времиња, покажуваат бројките кои ги запишува откако пристигна во Премиер лигата.

Со двата гола кај Кристал Палас, „граѓаните“ стигнаа до јубилејни 700 погодоци во ерата на Гвардиола. Како показател на доминацијата, може да се погледне успешноста на директните ривали во истиот период.

Ливерпул е најблиску со 543, Тотенхем има 532, Арсенал 522, Челзи 515, Манчестер Јунајтед 512, а Лестер Сити 371 погодоци.

Оваа сезона Сити започна бавно, но потоа направи серија со која значително се одлепи од конкуренцијата. Нема дилеми дека трофејот ќе заврши во рацете на тимот од Манчестер, само се чека и математичка потврда, за да започне славјето на „Итихад“.