ВИДЕО: Империјален скок на Витсел за белгиски спокој во Бордо

Gol.mk на EURO 2016

Извесно беше дека Белгија не може цел турнир да биде бледиот тим од мечот со Италија и првото полувреме против Република Ирска. По одморот работите се сменија и по голот на Лукаку, ѕвездата на Зенит, Аксел Витсел со глава по центарштот на Муние ја заби топката во мрежата на Ирците и зголеми на 2-0.

Сега Марк Вилтомс може полесно да дише, бидејќи „црвените ѓаволи“ се на пат да ја забележат првата победа на Европското првенство.