ВИДЕО: Имобиле го победи ковид-19, па сам на дождот го реши Кротоне

Лацио дојде до три бода кај Кротоне (0-2) во рамки на Серија А и им се врати на победите во најквалитетната италијанска фудбалска лига.

  • Извештај од натпреварот:

„Небесно-сините“ во претходната рунда ремизираа со Јувентус, па повторно се на победнички пат. Тимот на Симоне Инзаги сега има низа од четири меча без неуспех, а покрај над Кротоне славеше над Болоња и Торино.

Творец на посакуваниот успех на гостувањето кај повратникот во Серија А беше Чиро Имобиле. Најдобриот играч на Лацио беше стрелец и асистент. Италијанскиот репрезентативец го отвори резултатот во 21. минута по асистенција на Пароло, додека во 58. минута го пронајде Кореа за конечни 0-2.

Лацио сега е на петтото место во Серија А со 14 бода, а во следната рунда ќе биде домаќин на Удинезе и Илија Несторовски. Кротоне е фенерџија и според досегашните игри тешко дека догодина ќе игра во калчото.