ВИДЕО: Имобиле го наследи Пандев со првиот гол за Лацио во ЛШ по 13 години!

Фудбалерите на Лацио со стил се вратија во Лигата на шампионите, по пауза од 13 години. Интересно, последниот гол за римјаните во елитното друштво во сезоната 2007/08 го постигна нашиот Горан Пандев во поразот кај Реал Мадрид од 3-1. 

Најдобриот играч на „бјанкочелестите“, Чиро Имобиле за само шест минути игра стрелаше за предност на својата екипа во пресметката со Борусија Дортмунд. Да бидеме искрени, голот дојде по кикс на бекот, кој му поклони топка на Кореа, а овој го проигра напаѓачот кој лесно го матира Хиц. 

  • Погодокот на Чиро Имобиле со Борусија Дортмунд: 

Иако Лацио катастрофално ја отвори сезоната во Серија А, делува многу мотивирано во дуелот против германскиот тим во Лигата на шампионите, а голот на Имобиле ветува. 

Инаку тимот предводен од Симоне Инзаги по долга пауза се пласираше во групната фаза од ова натпреварување, каде последно играше пред 13 години, а од тогаш само еднаш играа плеј-оф за пласман, но загубија од Баер Леверкузен.