Имобиле ги надмина Креспо и Клосе, а го израмни голгетерскиот рекорд на Пандев

Имобиле Пандев

Со вчерашниот погодок во победата над Удинезе, Чиро Имобиле го надмина рекордот на Хернан Креспо во дресот на Лацио. Тој стигна до бројката од 27 гола во тековната сезона во Серија А и го собори апсолутното достигнување на Аргентинецот, кое гласи еден гол помалку (26).

Исто така. 28-годишниот напаѓач го прескокна Мирослав Клосе, кој во своите настапи за римската екипа постигна вкупно 63 гола. Со вчерашниот, Италијанецот се искачи на 64 и го израмни рекордот на Горан Пандев, кој во исто толку наврати ја тресеше противничката мрежа во петте сезони поминати во тимот од „Олимпико“.

Со трите бода, Лацио се искачи на третата позиција на табелата, користејќи ги лошите резултати на Интер и Рома во изминатиот викенд.