• Мартин Танасковски

Шкупи го победи Работнички (2-0) на отворањето на пролетниот дел од сезоната, а еден од стрелците за чаирчани беше Демир Имери. Играчот на македонскиот клуб истакна дека е среќен за трите бода, а верува во подобри денови за Шкупи и подобар пласман на табелата.
„Многу сме среќни поради оваа победа. Како што сите знаеме, Работнички е многу силен противник. Добриот почеток е првиот чекор од работата. Многу сме среќни и верувам дека Шкупи заслужува повеќе. Имаме квалитет и за мене тоа не е нешто посебно. Верувам дека ако продолжиме вака, ќе бидеме на врвот, каде што заслужуваме да бидеме. Сигурен сум дека имаме многу квалитет. Не ја започнавме сезоната како што треба. Верувам дека сега се оди на вистинското место и време и со подготовките што ги имавме во Анталија, верувам дека навистина ќе видиме еден поинаков Шкупи“, изјави Имери.
Шкупи во моментов се наоѓа на шестото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.