• Сашо Поповски

Талентираниот Омар Имери оваа година направи трансфер во Турција и потпиша со екипата на Анталијаспор.
20-годишникот од Скопје доби шанса на последната средба на екипата и ги задоволи очекувањата на тренерот Ерсун Јанал. Тој беше одушевен од настапот на поранешниот фудбалер на Шкупи и Шкендија и планира да го стави во почетниот состав и овој викенд, кога неговиот тим ќе се надигрува со Сиваспор.
Крилниот офанзивец ја користи приликата која му е дадена, најмногу поради повредените соиграчи. Дури десет фудбалери се надвор од конкуренција во редовите на Анталијаспор, па овој период е одлична шанса за Имери да докаже дека неговата преселба во Турција не е случајна и дека поседува квалитети да игра од почетокот на секој натпревар.
Анталијаспор нема добар почеток на новата сезона во која постојано е во долниот дел на табелата во турскиот шампионат.
Имери досега има запишано четири настапи, три во домашното првенство и еден во Купот на Турција.