Имери: Победата е важна, но мора да го подобриме нашиот учинок

Воска

Воска Спорт ја отвори новата сезона во Втората фудбалска лига со сигурна победа на гостувањето кај Караорман.

По мечот тренерот Берат Имери изрази задоволство од конечниот резултат, но не и од ефикасноста на неговите фудбалери.

„Победата е важна, се разбира. Секогаш првите натпревари се тешки, но мислам дека мораме да го подобриме учинокот. На натпреварот против Караорман имавме многу шанси за гол, а реализиравме само две. Мислам дека во овој сегмент треба уште да се подобруваме“, изјави предводникот на охриѓани.

Тимот од Охрид има големи амбиции и оваа сезона. Целта е да се обезбеди место при самиот врв на табелата и со тоа промоција во фудбалска елита на Македонија.