Имери: Можевме да победиме, но и да загубиме – ремито е најреалниот исход

Во единствениот саботен натпревар од петтото коло во Втората македонска фудбалска лига, екипите на Гостивар и Воска Спорт одиграа возбудлив дуел во Голема Речица и со по два гола го поделија пленот (2-2).

Берат Имери, стратегот на охридскиот тим, смета дека ремито е најреалниот исход од овој дуел.

„Дерби со многу тактика на двете страни. Мислам дека резултатот е реален, иако можевме да го добиеме натпреварот, но и да го загубиме. Продолжуваме да работиме, имаме уште многу тешки натпревари, мислам дека сме на вистинскиот пат, но сепак треба секогаш да се подобруваме, да останеме скромни и со нозете на земја“, рече Имери.

Воска Спорт остана на врвот на табелата, а Гостивар со овој резултат покажа дека има високи амбиции во тековната ВМФЛ-сезона.