Имери: Мој приоритет е Турција, кој не би сакал да игра во Фенербахче?

Младиот талент на Шкендија, Омер Имери, во последните неколку недели активно е поврзуван со екипата на Фенербахче. Во туските медиуми е прогласен за „новиот Ељиф Елмас“, а наскоро 20-годишникот би можел да тргне по неговите стапки.

Членот на тетовчани зборуваше за потенцијалната преселба надвор од Македонија ова лето и рече:

„Мој приоритет е Турција. Би сакал да ја продолжам кариерата на турско тло. Мојот менаџер се обидува да постигне договор со некоја екипа, а има повеќе од Турција кои се заинтересирани за мене. Ќе ги разгледаме сите понуди и ќе се обидеме да донесе правилна одлука“.

На прашањето околу потенцијалниот трансфер во Фенербахче тој изјави:

„Па, кој не би сакал да игра во Фенер?“.

Офанзивецот ја започна кариерата во Шкупи, потоа продолжи во Работнички, а за Шкендија потпиша во 2018 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.