• Зоран Мишевски

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја оствари својата прва историска победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), победувајќи го Тиквеш среде Кавадарци со резултат 0-1. Марко Симоновски постигна гол со глава во 27. минута од натпреварот и донесе три бода.
Тренерот на победничката екипа, Берат Имери, не го криеше одушевувањето од трите бода.
„Знаевме колку е Тиквеш квалитетен и колку значи оваа победа. Во првите дваесет минути имавме проблеми во одбраната, но потоа направивме неколку корекции и одигравме одлично, мислам дека тука беше клучот за победата.
Победивме еден добро организиран и силен тим кој во второто полувреме ни создаде само една посериозна шанса. Гледавме добар фудбал и добро судење и само на ваков начин може да придонесеме за подобро првенство“, рече тренерот Имери.
Во следното четврто коло, Шкендија Арачиново ќе го пречека Арсими в сабота попладне.






