• Сашо Поповски

Воска Спорт запиша победа на гостувањето кај Арсими 1973. Домашниот тим се пожали на судиската одлука за пенал, кој на гостите им донесе три значајни бода.
Тимот на Берат Имери остана во чекор со водечките. Тренерот на охриѓани по мечот со Арсими изјави:
„Многу важна победа која дојде после една мини-криза низ која поминавме. Мислам дека момците го дадоа максимумот на еден многу тежок терен и за тоа им честитам на сите. Сега треба да гледаме напред, имаме уште три тешки натпревари до крајот на сезоната, следниот секогаш најмногу нè интересира“.
Во следното коло Воска Спорт ќе игра градско дерби против екипата на Охрид.