Имери: Брера ги казни нашите грешки, сега се фокусираме на предизвиците во ПМФЛ

Имери

Тренерот на прволигашот Беса 1976, Берат Имери, изрази жалење за пропуштената можност во осминафиналето од Купот на Македонија, но го призна поразот од Брера Струмица и рече дека неговиот тим сега ќе се фокусира на домашното првенство. 

„Тежок Куп-натпревар против Брера Струмица. Мислам дека бевме одлично поставени во дефанзива и имавме неколку интересни прилики за гол, но овие натпревари може да бидат решени со едно мало невнимание или грешка. 

Мислам дека ќе беше реално да заврши мечот со нерешен резултат, но противникот ги казни нашите грешки и моравме да се помириме со пораз. Имаме тежок распоред во домашното првенство, па сега мислите и фокусот ќе одат во тој правец“, изјави Имери  за М нет. 

 Беса 1976 го заврши настапот во најмасовното натпреварување во Македонија, а следен предизвик за тимот ќе биде првенствениот меч против Силекс, кој е закажан за 27 октомври.