„Имавме година со најлоша клупска форма, ме радува позитивната промена!“

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата пред стартот на квалификациите за СП 2026 ги прокоментира и позитивните промени на дел од носителите на играта, пред сè Ељиф Елмас и Дарко Чурлинов кои имаат нови клубови и играат почесто. 

„Позитивна е промената за нашите главни играчи на клупски план. Имавме најлоша година за нас од аспект на формата и клупските настапи на играчите. И покрај сите тие проблеми, не знам на кој начин нашите играчи дадоа и повеќе од своите можности, дадоа максимум и одиграа перфектна ЛН. Сепак, ме радуваат промените кај носителите на играта и позитивните работи кои им се случуваат во клубовите. Секако дека тоа ќе ни донесе позитива и енергија. Без разлика кој колку игра, играчите тука покажуваат друго лице и јас сум презадоволен од сите“, изјави предводникот на А-тимот.

Македонија ќе го отвори циклусот за СП 2026 на гостински терен во Вадуц против Лихтенштајн, а потоа следи домашен дуел против Велс закажан на 25 март.