Имаше фантастична кариера, заработуваше милиони, но сега е без дел од ногата и е келнер

Дарио Силва, поранешниот репрезентативец на Уругрвај, по завршувањето на својата играчка кариера се соочува со големи проблеми, а за живот заработува како келнер.

Силва, кој денес има 47 години, играше на позицијата напаѓач, а имаше сјајна кариера, носејќи ги дресовите на Каљари, Еспањол, Малага, Севиља и Портсмут од каде замина во пензија. 

„Од фудбалот се разделив заради мојот татко. Ми рече дека поради болест ќе живее уште два или три месеци“, вели Силва и додаде: „Луѓето кои ги ангажирав да се занимаваат со мојата кариера ме украдија. Со моите средства раководеа како да се нивни и на крај ме оставија без ништо“, раскажува Силва.

Неговиот живот по пензионирањето стана уште покошмарен, откако во родниот Уругвај имаше сообраќајна несреќа, по која загуби дел од својата нога. Така, фудбалерот кој во својата кариера ја делеше соблекувалната со Дани Алвес и Серхио Рамос во Севиља и постигна повеќе од сто гола, падна на просјачки стап, а сега работи како келнер за да преживее.

Најмногу се прослави во Шпанија каде во дресот на Малага постигна 36 гола на 100 натпревари. За Уругвај одигра 49 меча и оствари учинок од 14 гола.