Имаше богата понуда, но го одби Јувентус со цел да стане легенда на Јунајтед

Мејсон Гринвуд е еден од хероите на Манчестер Јунајтед оваа сезона. Главната улога секако му припаѓа на новајлијата Бруно Фернандез, но јасно е дека младиот Англичанец полека станува легенда во развој. Но, сè можеше да биде поразлично. 

Според англиски „Атлетик“, минатото лето Гринвуд имаше богата понуда за премин во италијанскиот шампион Јувентус

Наводно, клубот од Торино понудил доста профитабилен финансиски пакет со цел да го доведе напаѓачот и неговото семејство во Италија, но кон крајот на јули минатата година, Англичанецот им удрил „корпа“ на „бјанконерите“ и потпиша нов договор со матичниот Јунајтед.

Со доведувањето на Солскјер, Гринвуд ја доби вистинската шанса во првиот тим на „ѓаволите“ и оваа сезона запиша 16 голови во сите натпреварувања, од кои девет во Премиер лигата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк