Имаме нов рекордер по број на досудени пенали во ЛШ!

Францускиот елитен арбитер Клеман Турпан постави нов судиски рекорд во Лигата на шампионите, откако досуди уште еден пенал во победата на Манчестер Сити над Реал Мадрид во шпанската престолнина.

Со тоа 43-годишниот судија стигна до вкупно 31 казнен удар во најпрестижното европско клупско натпреварување, што е повеќе од кој било друг судија во модерната ера на турнирот (од 1992 година).

Турпан го достигна рекордот по само 58 отсудени натпревари, што значи дека во просек досудува речиси еден пенал на секои два меча, статистика која многу јасно говори за неговиот стил на арбитража и чувството за контакт и прекршок во шеснаесетникот.

Клеман Турпан дебитираше во Лигата на шампионите во сезоната 2014/15, а неговата кариера во меѓународниот фудбал доживеа врв во 2022 година, кога беше назначен за главен судија на финалето меѓу Реал Мадрид и Ливерпул на „Стад де Франс“.