„Имам грижа на совест поради доигрувањето на мечот со Финска...“

Данска

По прекинот предизвикан од несаканиот случај со Кристијан Ериксен, натпреварот меѓу Финска и Данска продолжи. На крај победата ја однесе финската репрезентација, која дебитираше на големата сцена на најдобар можен начин. 

Данскиот селектор Каспер Хјулманд смета дека тоа не требаше да биде случај, со оглед на сериозноста на моментот кој го шокира фудбалскиот свет.

„Искрено сметам дека не требаше да се вратиме на теренот. Имам грижа на совест бидејќи го направивме тоа. Мислам дека сега е доцна да се зборува дали тоа беше правилна одлука или не“, изјави Хумланд.

Два часа по колабирањето на данскиот репрезентативец, актерите се вратија на теренот во Копенхаген и ја доиграа средбата.

За среќа, Ериксен навреме заврши во болница и доби третман, кој спречи несакани последици на стартот на Европското првенство.